Зборник на Миладиновци/ 491 песна
490 песна | 491 песна од Браќа Миладиновци |
492 песна |
на современ македонски правопис. |
Пиан идам од града
Велико!
Стретиф мома в ливада
Дулберо!
К'де коња сопинат
Со секакви коприње,
И со бели, црвени
И со зини зелени;
Летна мома да бегат:
,,Постој, моме не бегај,
Сношти сум бил дома ти,
Рујно вино сум пило,
Реим сабја остаиф,
На сабјата тестеме,
На тестеме шамиа,
Во шамиа рубиа,
На рубиа злат прстен”.