Зборник на Миладиновци/ 490 песна

Од Wikisource
489 песна 490 песна

од Браќа Миладиновци
491 песна
на современ македонски правопис.


Аман Нешо, аман душо, немој спи пот дренот,
Тебе ти се фалет, Нешо, до две до три луди,
До две до три луди, - до три аџамии
Та ке ми те фатет, - ноке на полнооке
Ноке на полноке - на седум саати,
Та ке ми носет - горе на планина,
Та ке ми развалет - до два силни огнеј,
Та ке ми те печет - како рудо јагне,
Та ке ми те клает - во златна тепсиа,
Та ке ми те сечет - со фрушконо ноже,
Та ке ми те јадет - мезе за р'киа.