Зборник на Миладиновци/ 489 песна

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
488 песна 489 песна

од Браќа Миладиновци
490 песна
на современ македонски правопис.


Паднал ти прстен, моме, от таде река.
На ледината, моме, на ширината,
Лудо помина, моме, тој ти го најде,
Тој ти го најде, моме, тој ти го зеде.
Таксај му таксај, моме, што ке му таксаш,
Што ке му таксаш, моме, црните очи,
И погорните, моме, чатмали вежи,
Да ти го даит, моме, стребрени прстен.”