Зборник на Миладиновци/ 480 песна

Од Wikisource
479 песна 480 песна

од Браќа Миладиновци
481 песна
на современ македонски правопис.


Леле Радо Радобилке,
Доста оди, доста шета
Доста шета крај Радовиш,
Доста носи алов погјас,
Доста носи блено биље!
Све по тебе поблеало
И малоо и големо,
И женето, неженето.
Тоа што је оженето
Жените си остаие
Со своите м'шки деца;
Тие што се неженети,
Искинаа појасите,
Полоина тегаеки;
Искршиа фиљдиш чешли,
Перчината чешлаеки;
Искинаа мор фесои,
Под над око тегнееки:
Ели Рада, ели душа,
Ели ноже црно-чкренче.