Зборник на Миладиновци/ 479 песна

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
478 песна 479 песна

од Браќа Миладиновци
480 песна
на современ македонски правопис.


Што да чинам как да прајам,
Мамо ле!
Учи ме мене научи,
На вратата негде годе,
Постовјам да погледам;
Поминувает ергените,
Крај мене идет за мене,
Киска цвеке ми сакает,
От моја р'ка да мирисает;
Јас ним киска подавам,
Тие за бела р'ка стискает,
Други с јаболка фарљает,
Прау по гр'ди м' удирает;
Јаболко останвит до бели гр'ди,
Јаболко назат пак си сакает.