Зборник на Миладиновци/ 475 песна

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
474 песна 475 песна

од Браќа Миладиновци
476 песна
на современ македонски правопис.


Прошета моме, момe Влаинче,
Низ рамни дворје, дворје братови,
Поли се сучит дури до погјас,
Р'це си прегнит дур до рамена;
Грујо ја гледат от бачилото.
„Гледај ме, Грујо, нагледај ми се,
Па немаш, Грујо, што да ми чиниш,
Браќа си имам баш арамии,
Татко си имам љут косеџиа.