Зборник на Миладиновци/ 474 песна

Од Wikisource
473 песна 474 песна

од Браќа Миладиновци
475 песна
на современ македонски правопис.


„Деспино, русо Деспино!
Дали си било кун Воден
Кун Воден, душо, на пазар!”
„Спаифче, лудо заимче!
Вчера сум дошла от таде.”
„Деспино, русо Деспино!
Што абер си ми донесла?
„Спаифче, лудо заимче,
Голем ти абер донесоф,
Спаии ми се пишвее,
На силна војска да одет.”
„Деспино, русо Деспино,
Дали и мене писае?
„Спаифче, лудо заимче!
Тебе те напрет пишее,
Зелени бајрак да носиш
Дур на Црвено Јаболко.”