Зборник на Миладиновци/ 473 песна

Од Wikisource
472 песна 473 песна

од Браќа Миладиновци
474 песна
на современ македонски правопис.


Станаф пиле шарено,
Појдоф во гора зелена,
Најдоф грутка снегоа
Та је кладоф в пазуа,
Та је р'чаф пор'чаф:
,,Копни грутко снегоа,
Како копнит млат јунак
За убаа девојка.”
Станаф пиле шарено,
Појдоф в гора зелена,
Најдоф сено косено,
Та му р'чаф нар'чаф:
„Копни сено косено,
Как копнеит девојка,
За добраго јунака.”