Зборник на Миладиновци/ 468 песна
467 песна | 468 песна од Браќа Миладиновци |
469 песна |
на современ македонски правопис. |
Скарале се, скарале
Три девојки убаи
На добрего јунака.
Прва беше Лаина,
Втората беше Гркина,
Tpeka беше Бугарка;
Лаина му велеше:
„Земај мене јуначе!
Многу прика ти носам,
Триста овци м'лзници
Со се рудн јаганца.”
Гркина му велеше;
„Земај мене јуначе!
Многу прика ти носам
Триста ока коприна.”
Бугарка му велеше:
„Земај мене јуначе!
Многу прика ти носам,
Девет рала волои,
Со се девет плуroи.”
„Кој ке мене преносит
Преко бела Дунафа,
Таја мома ке земам.”
Станала ми Влаина,
Дигнала ми јунака,
Носила го носила,
Прибра да го удаит:
„Ослепела Гркина!
Удаифме јунака:
Фрлила го Влаина,
Дигнала го Гркина;
Носила го носила
До стрет бела Дунафа,
Прибра да го удаит.
Фрлила го Гркина,
Го дигнала Бугарка,
Бугарка го префрли
Преку бела Дунафа.
Таја мома је зеде.