Зборник на Миладиновци/ 469 песна

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
468 песна 469 песна

од Браќа Миладиновци
470 песна
на современ македонски правопис.


Ако ме љубиш, ако ме сакаш
Собуј се себе, обуј ме мене,
Та да одиме да прошетаме
Горе и долу, се кун бафчите,
Да набериме шамиа круши;
Оф леле крушо,
Момино душо!
Ако ме љубиш, ако ме сакаш,
Собуј се себе, обуј ме мене,
Та да одиме да прошетаме
Горе и долу се кун лозјата,
Да набериме шамиа грозје,
Јас касни грозје, ти зобни грозје;
Оф леле грозје, момино око!