Зборник на Миладиновци/ 465 песна

Од Wikisource
464 песна 465 песна

од Браќа Миладиновци
466 песна
на современ македонски правопис.


Дека те еднош целиваф,
Јан Јано мори!
Јас не те тебе изедоф,
Та крена тешка давиа,
На тие Турци залами,
На тие земски сејмени?
Тешка ме глоба глобие,
Црна ресачка јанинска,
Со дванадесет ширити,
Со тринадесет петлици;
Сето ми рубо пление.