Зборник на Миладиновци/ 463 песна

Од Wikisource
462 песна 463 песна

од Браќа Миладиновци
464 песна
на современ македонски правопис.


,,Ке те опитам, Јано ле, што црно носиш?
Аљ татка жаљаш, - аљ мила мајка?
„Ни татка жаља, лудо ле, ни мила мајка,
Тук си го жаља - лудото младо,
Ето ми имат, лудо ле, до девет години
Девет години, - десето лето
Ни книга пуштат, - ни само идет.
,,Ти да го видиш, Јано, ле, дан' го познаваш?”
„Јас да го видам, лудо ле, си го познаам,
На десна нога, - нишан ми имат,
На десна нога, - мал прст ми немат.”
„Ја извади ми, Јано ле, моите скорни,
Да ми измиеш, - беливе ноѕе!”
„Кога изваде, - десниот скорен,
Вчасот го позна - лудото младо:
„Ја ми те чекаф, лудо ле, девет години,
За тоа носеф - црна марама,
Ја тебе, лудо, - не забораиф.”