Зборник на Миладиновци/ 461 песна

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
460 песна 461 песна

од Браќа Миладиновци
462 песна
на современ македонски правопис.


„К'де си било, Јано, к'де си шетало?”
,.Врви си в п'тем, лудо, не задирај ме,
Ја сум било, лудо, долна градина,
Бразди да праам, лудо, вода да м'мам,
Цвеке да вадам, лудо, сино зелено,
Сино зелено, лудо, бело црвено,
И негде годе, лудо, рамен босиљок.