Зборник на Миладиновци/ 460 песна

Од Wikisource
459 песна 460 песна

од Браќа Миладиновци
461 песна
на современ македонски правопис.


Чие је она девојче,
Што рано ранит на вода,
От сите моми порано,
От калешести невести,
От црнооки вдоици;
Што носит дукат на чело,
Што носит перо на јеро?
Турила коса на рамо,
Турила феса нат око,
Да гледат поле широко.
Широко поле крај немат,
Древо високо рот немат,
Глобоко море глет немат,
Дробнана песок број немат,
Малата мома рот немат.