Зборник на Миладиновци/ 456 песна

Од Wikisource
455 песна 456 песна

од Браќа Миладиновци
457 песна
на современ македонски правопис.


Што појдоф в село Дреноо,
Мајко ле мила!
Што најдоф момче убаво,
Што брза коња јаваше,
Што русо перче имаше;
Што силен ветар вееше ,
Перчето му го вееше
На широките рамена.
Дади ме, мајко, за него,
Сама ке трчам по него;
Пак да ме чекаш в година
Со русо момче прет мене,
Со м'шко дете на р'це.