Зборник на Миладиновци/ 455 песна

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
454 песна 455 песна

од Браќа Миладиновци
456 песна
на современ македонски правопис.


„Вељо, мори Вељо, стребрена Вељушо,
Стребрена Вељушо, злата трепетушо,
Солунското грозје, Стамболското цвеке!
Ајде да си ојме на врф на планина!”
„Јанче море, Јанче, стребрено герданче,
Што ми те носет момите на грло!
Ели ке си ојме на врф на планина,
Тамо ке не фатит проклетана зима.”
„Веље, мори Вељо, стребрена Вељушо,
Солунското грозје, Стамболсконо цвеке!
Ако да не фатит проклетана зима,
Та ја дал си имам белион јапанџак,
Ке ми те покриам, ке ми те завиам;
Нека зима доит, тамо ке зимниме,
Нека лето доит, тамо ке летвиме.”