Зборник на Миладиновци/ 451 песна

Од Wikisource
450 песна 451 песна

од Браќа Миладиновци
452 песна
на современ македонски правопис.


„Вчера вечер не сум спала,
Ова вечер ми се дреме,
Со тиге очи шарени,
Со тиге веги гајтани,
На високата планина,
На широката ледина.
Стани ми, лудо, гја стани,
Звездата удри, зора обзори,
Три п'ти пропе биљбиљот,
А девет п'та пауно;
Стани ми, лудо, оди си,
Дека ми иди мајка ми.”
„Поспи ми, моме, подреми
На мојте бели пазуви,
На мојте злати колена,
Дури да удри звездата.”