Зборник на Миладиновци/ 450 песна

Од Wikisource
449 песна 450 песна

од Браќа Миладиновци
451 песна
на современ македонски правопис.


„Моме, море мило, не стој спроти мене,
Не ме гори мене, изгорех за тебе,
Жили ми попече, колена ми скина.”
„Гори, лудо, гори, гори да изгориш,
Ка елен за вода, босиљок за сенка;
„Мори моме мила, јас тебе ке зевам
Седи ми со здравје, моме мори златна,
Утре јаска ода, зборок ке остава,
Па да ми се чиниш горска јаребица,
Гјаска ке се стора сокол да те лова,
Та да си летниме ние оба токмо,
Ние оба токмо, вишно, дá високо.”