Зборник на Миладиновци/ 447 песна

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
446 песна 447 песна

од Браќа Миладиновци
448 песна
на современ македонски правопис.


„Мори Мито, Мито моме,
Мито моме, душа моја!
Искам нешто да те питам,
Сакам право да ми кажиш;
Што си толку расипана,
Тенка уста кора фати,
Като мома армасана,
Като риба отруена,
На песокта исфрлена?
Дали си болна лежала,
Или си болес гледала?”
Она веле, ем говоре:
„Море лудо аџамиа,
Ни сум болна ја лежала,
Ни сум болест ја гледала,
Слушај право да ти кажам
Ток сум јазе расипана,
От твоите тешки зборове.
Ем ми пушташ, ем се фалиш,
Дека ходиш мен зборуваш;
Ми ја дават Мита мома
Ми ја дават, ми ја мољат,
Ела јазе си ја нејкам,
Мошне клета ја кажуват,
Ем клета, ем и проклета.”
„Мори Мито, Мито моме!
Не слушај светски зборове,
Зборове остри ножове!
Се м'чат да не раздељат
Тебека, Мито, от мене,
Менека, Мито, от мене.”