Зборник на Миладиновци/ 446 песна

Од Wikisource
445 песна 446 песна

од Браќа Миладиновци
447 песна
на современ македонски правопис.


„Мори Недо, бела Недо!
На кого си наљутена
Наљутена, насрдена?
Даљ на мајка, даљ на тејко?
Иљ на твојте до два брата
До два брата, два близнака?”
Она веле и говоре:
„Не сум, лудо наљутена,
Ни на мајка, ни на тејко,
Ни на мојте до два брата;
На тебе сум наљутена.
Ним ми врви ноќем време,
Низ нашите рамни дворје,
Ним ми чини ноќе прилиз.
Ми загина тонко платно
Тонко платно от разбојот,
Тенка риза от гергефот.”
А он веле и говоре:
„Мори Недо, бела Недо!
Ним бери кахар, касавет,
Јас ти узех тенко платно,
Та го носих в град Солуна,
На Солунски богјаџии,
Да се вапса за чадире,
Един бел, а втори румен,
А третиот чадир зелен.”