Зборник на Миладиновци/ 442 песна
441 песна | 442 песна од Браќа Миладиновци |
443 песна |
на современ македонски правопис. |
Еј Малино Ѓанешанко
Ѓанешанко, вражка штерко!
Кого мајка каре, уче,
Кого врага ке науче?
Ним се често променувај,
По дваш, по триш во недеља,
Девет п'ти во месецот,
Дванаесет в годината.
На тебе ми ти се фале
Ти се фале левент Нако,
Кукушкото ранениче,
Горничово крштениче,
На тебе се фалба фале,
Дек те најде, да те задре.
Как си дочула Малина,
Не послуша стара мајка,
Та си узе леен, ибрик,
Та си изми бело лице,
Та си узе отворето,
Си отвори килерето
Килерето, ковчеџето,
Та изкара чисто рухо.
Се промени, се нареди,
Та си узе нова стомна,
Нова стомна на рамка,
Та појде за студна вода,
Си нали и се поврна.
Ка ја срете левент Нако,
Та и веле и говоре:
„Малино, мила Малино!
Даљ да ти вода истурам,
Дали да ти стомна скршам,
Иљ да ти китка земам,
Или да ти китка земам,
Она веле и говоре:
„Море лудо, лудо младо!
Ако стомна ти ми скршиш,
Нова стомна ке ми купиш:
Ако вода ми истуриш,
Ке се врнам, ќе налеам;
Лице ако ми целиваш,
Флорина ке ме даруваш.”