Зборник на Миладиновци/ 441 песна

Од Wikisource
440 песна 441 песна

од Браќа Миладиновци
442 песна
на современ македонски правопис.


Цона мајка плете
Мајчина к'дано,
Тејкова султано!
Цоно, мори Цоно
Ситни дребни коси,
Плете и тихо пита:
„Цоно, мила штерко!
Што ти е бенка на чело,
Белек на грлото
Крај црвен гердан?”
И она говоре:
„Лели питаш, мале,
Право ке ти кажам.
Ние сношти, мале,
Гости сме имале,
Вода сме немали;
Појдох на чешмата
Вода да налиам;
Вода ја си најдех,
А рет не си најдех.
Постојах, почеках,
Дур ми дојде редот,
И вода си налех.
Бог да бие, мале,
Петре биволарче,
Донесе пашови,
Биволи да напои.
Бог да бие, мале,
Пашовот стар бивол,
Со глава си м'хна,
Бенка мене чини
Бенка на челото.
С опашка зам'хна,
И белек ми чини
Белек на грлото.”
Тогај она веле:
„Црно, мила штерко,
Л’жи кого л’жиш,
А мајка ним л'жиш;
И мајка вражила
Тие врагоштине,
И мајка љубила,
Кога беше млада.”