Зборник на Миладиновци/ 443 песна

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
442 песна 443 песна

од Браќа Миладиновци
444 песна
на современ македонски правопис.


„Саве сино, што те паша зове,
Дек ке те најде, ке те погубе.”
„Варај мале, мале стара мале!
Како мене да не ме погубе,
Сношти бех си на ладна меана,
Кинисах си дома да си дојдам,
Мома идеше от топлите бање,
Се сретихме в еден тесен сокак,
Бог да биет копче от тозлукот!
Што закачи момините гашти;
Наведих се, копче да откачам,
Бог да биет копче от минтана!
Што закачи момини гердана,
Та искина гердан от грлото,
Та изрони бисер дробен бисер.
Наведех се бисер да соберам,
Дробен бисер и жолти флорини,
Бог да бие моја лева уста,
Што целива и белото лице!
Бог да биет моите мустаци,
Што целива и белото лице!
Бог да бие моите мустаци,
Се збркаха с момини зулове.
От това ме мене паша зове,
Дек ке ме најдит, ке ме погубит.”