Зборник на Миладиновци/ 440 песна

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
439 песна 440 песна

од Браќа Миладиновци
441 песна
на современ македонски правопис.


Вила се је бела лоза,
Около града Будима;
Не је била бела лоза,
Ток си биле до две луди,
До две луди, до две драги;
Едното црвен карафил
А другото бела ружа;
Меѓу себеси зборуват:
Они две да се раздељат.
Тогај веле бела ружа:
„Остан' с богом ти карафил!
Ке појдам в гора зелена.”
Тогај веле карафиљот;
„Оди с здравје, бела ружо!
Ти да знаиш, да паметваш,
Ем и да си имаш на ум,
Ка ке појдиш во гората,
Тамо има извир вода,
Извир вода се студена,
Во изворот до две груди,
До две груди снегови.
Ка се лејат до две груди,
До дву груди снегови,
Так ке се лејат момините
Момините пазухи;
Така душа ке се леит
Моја душа по тебе.”