Зборник на Миладиновци/ 439 песна

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
438 песна 439 песна

од Браќа Миладиновци
440 песна
на современ македонски правопис.


„Ивано вино црвено!
Заспало ти је момчето
На Каракамен планина.
Украле му го фефчето,
Украле му ја чалмата,
Украле му го бинишот.”
„Окутра му го фефчето,
Окутра му ја чалмата,
Окутра му го бинишот!
Нека је живо момчето!
В ковчек си имат фефчина,
В ковчек си имат чалма,
В ковчек си имат биниш.”