Зборник на Миладиновци/ 431 песна

Од Wikisource
430 песна 431 песна

од Браќа Миладиновци
432 песна
на современ македонски правопис.


„Видох мома в одајата,
К'де ми се променуват;
Ке продаам сета стока,
Туку таја да си земам;”
Мома велит и говорит:
„Ој ти лудо, лудо младо!
Ако сум ти нар'чано,
Само тебе ке ти дојдам,
Ке ти пруснам во дворјето,
Како крефка еберица;
Ке ти седнам на софрата,
Как шарена преперица;
Ке ти легнам в постељата,
Како кротко рудо јагне.”