Зборник на Миладиновци/ 430 песна

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
429 песна 430 песна

од Браќа Миладиновци
431 песна
на современ македонски правопис.


Мина мома харна
Харна ем прехарна,
Сестра је Божана,
Анѓа братучеда.
Си три моми харна,
Лепи, ем прелепи,
Ама зулумџии,
Зулум ми чиниле
На Корчанско поле;
Бостан искинале,
Гердан загубиле.
Бостан си кинале,
П'дар и уфанал.
Mинa му велеше:
„Пушти мене, п'дар,
Мај ка не јет тука,
Овде ке ме најдит,
В куки не ме земат.”
Ваха велееки,
Ето ја достигна
Сестра је Божана,
Анѓа братучеда;
П'дарот фанале,
Р'це му врзале,
Врзан г' остаиле,
После побегнале.