Зборник на Миладиновци/ 432 песна

Од Wikisource
431 песна 432 песна

од Браќа Миладиновци
433 песна
на современ македонски правопис.


Заиграла Јана на малата врата,
Пот белата лоза, на мраморна плоча,
Со девет девери и со осум золви;
Отронила Јана бисер от грлото,
Поткршила Јана потков от чевлите,
Ми ја виде Јана нејзина свекрва:
„Нека Јано, нека, нека мила снахо,
Нека доит Ѓуро, ке те наклеветам.”
И си дојде Ѓуро, и ја наклевети.”