Прејди на содржината

Зборник на Миладиновци/ 42 песна

Од Wikisource
Свадба од Свети Димитрија 42 песна

од Браќа Миладиновци
Велигденска
на современ македонски правопис


Рано рани свети Герги
Рано рани на Герѓовден;
Отседла си добра коња
Да биде в рет овчере.
Јагнета сја изегниле,
Говеда са истелиле;
Сјака крава теле води.
Па отиде в ливадите;
Ливадите трева немат,
Зимниците измрзнале,
Летниците излипсале;
Тои са назат поврна.
Мајка Герги отговарја:
„Леле варе, синко Герги,
Весел отиде, скрбен доде!”
Герги мајце отговарја:
„Леле мале, стара мале!
Обидох си ливадите,
Ливадите трева немат.”
Мајка Герги отговарја:
„Не грижи са, синко Герги,
Да нароси ситна роса
Да навали герѓовски д'жд,
Па си иди на Спасов-ден,
Та обиди в рет с'н'ри.”
„Послушал свети Герги,
Та удари ситна роса.
Кога било на Спасов-ден,
Тој воседна добра коња,
Отиде на ливадите,
Зимниците искласили,
Летниците вретенили (?)
Ливадите кон не гази.
Зарадва са свети Герги
Из друм врви песен пее.
Што го зачу, се послуша,
Едно дрво трепетлика
Не с' запрја, не послуша,
И прокле го свети Герги:
„Да би дал бог трепетлика,
Се ти да трипериш!”