Прејди на содржината

Зборник на Миладиновци/ Велигденска (3)

Од Wikisource
42 песна Велигденска

од Браќа Миладиновци
Свети Петар и мајка му
на современ македонски правопис



Прошетала света Недеља,
Стреќа ја стрети свети Илиа:
„Егиди сестро света Недеља!
Каи си одела, каи си шетала?
Ели си в поле трандафил брала?
Ели си в гори гороцвет брала?” –
Му говореше света Недеља:
„Ејгиди брате, свети Илиа!
Влани сум в поле трандафил брала,
Влани сум в гори гороцвет брала;
Туку сум било чудо да гледам.
Се запалиле до двана д'ба
До двана д'ба и вита ела,
Туку ми горет, туку ми тлејет.”
Нејѕе говорит свети Илиа:
„Ејгиди сестро, света Недељо!
Тие не ми се до двана д'ба,
До двана д'ба, и вита ела;
Тук тие ми се два побратима,
Два побратима, и посестрима.
Не ми држале свети Јоана;
За тоа горат, за тоа тлеат.”