Зборник на Миладиновци/ Свадба од Свети Димитрија
Свети Илија и девет ламии | Свадба од Свети Димитрија од Браќа Миладиновци |
42 песна |
на современ македонски правопис |
Пoсвршил се свети Димитриа.
Бела Неда от Софиа (в. др. от Авлана) –
Дојде коа, дојде лепо време,
Да земеет бела Неда.
Покани свети Димитриа
Сите свеци си покани
Си покани за сватои
Свети Илја забораи.
И отишле до Софиа,
Си зедое бела Неда.
Лепо ми и пречекале;
Сите свеци и дарвале
Бела риза остра сабја,*)
На сабја бела риза,
Еден дарчок престанало;
Неда умна и разумна
Си го кладе ва пазуа.
И иделе, што иделе,
Колку дошле до полп'ти,
Што потекла силна река;
Не се газит да је газет,
Не се летат да летает;
И го нашле свети Илиа
Ничкум лежит с'лѕи ронит,
Го скориват свети Димитриа:
„Стани брате свети Илиа,
Оти сум те забораил!” -
Ни ми станвит, ни с око се пулит;
Тук се впушти бела Неда:
„Стани брате свети Илиа,
И тебе сум дар донесла!”
И си сегна во пазуа,
Си изваи остра сабја,
Остра сабја, бела риза,
Го даруа свети Илиа,
И ми стана свети Илиа;
Начас река ми секнала.
Поминае сто сватои
Со нееста бела Неда.
Белешки
- *) Во друга: Кошулица копринена
Во кошуља остра сабја.