Прејди на содржината

Зборник на Миладиновци/ 429 песна

Од Wikisource
428 песна 429 песна

од Браќа Миладиновци
430 песна
на современ македонски правопис.


Јана идет од баната
Измиена, истриена,
И на ситно уплетена,
На лесата китка цвеке.
Раде греит от меана
Најадено, напијено,
Си јавнало брза кона;
Там виде бела Јана,
Си разигра брза коња,
Си разшири бела р'це,
Да прегрнит бела Јана.
Јана му се милно молит:
„Немој лудо, жити коња!
Не чини ми ти страмота.”
Се изл'га лудо младо,
Ја остаи бела Јана;
Тамам лудо позамина,
Јана му ое шега подби:
„Стрети волкот рудо јагне,
Не умеит да го давит;
Стрети сокол еберица,
Па не знаит да ј а ј адит.”
И ми дочу лудо младо,
Ѓуч му падна на лудото:
„Чекај, Јано, ти да видиш!”
Па разигра брза коња,
Па разшири бела р'це,
И ја грабна бела Јана,
Ја фрли коњу зат себе:
„Стој да видиш, бела Јано,
Како волкот не умеит,
Да си давит рудо јагне;
Како сокол не умеит,
Да си грабит еберица!”
Ја однесе бела Јена,
Бела Јана у свој дворје.