Зборник на Миладиновци/ 428 песна

Од Wikisource
427 песна 428 песна

од Браќа Миладиновци
429 песна
на современ македонски правопис.


Собрале ми се, набрале
Сите девојки Беровки
У Николица вдоица,
У таја самоглавница.
Дрвата си догореле,
Водата си ја допиле,
Грозјето си дозобале.
Пуштиле Трна на дрва,
Пуштиле Тода на вода,
Пуштиле Грозда на грозје.
Дојде си Трна от дрва,
Дојде си Тода от вода,
Мома Гроздана ја немат.
Си прескакала плетина,
Си нагазила пет мина
Петина млади п'дари;
Што му стапила на гр'ди,
Му искршила чапраѕи.
И ми станало п'дарче,
Ми ја фатило Гроздана,
Гроздана му се молеше:
„П'даре, брате рогено!
Немој ми чини страмота,
Јас голем дар ке ти даам,
Кошуља ке ти сошиам,
Чораби ке ти нашарам.”
И се изл'га п'дарче,
Што си ја пушти Граздана;
Дојде си Грзода со грозје.
Ми помина недеља
И ми се стретја Грозданка
Грозданка и п'дарчето.
П'дарче Грозде велеше:
„Грозде ле, моме убаво!
Камо ти дар што ми такса?”
Па изговори Грозданка:
„П'дарче, селско магарче!
Кај сум те тебе видело,
Што дар сум тебе таксало?”