Зборник на Миладиновци/ 426 песна

Од Wikisource
425 песна 426 песна

од Браќа Миладиновци
427 песна
на современ македонски правопис.


„Девојко, девојко, црвено јаболко!
Изгореф за тебе, како лен за вода,
Босиљок за сенка, ѕунѕуле за леса,
Каленфур за роса, Турчин за кокошка
Турчин за кокошка, јунак за девојко.”
„Гори лудо, гори, ај да би изгорел,
И ја така горам, немам што да чинам.
Татко не ме даат, мајка не остаат,
Оти куки немаш, висока чардаци,
Шарени одам, убаи џамои.”
„Девојко, девојко, ти кука не гледај,
Ти кука не гледај, тук гледај јунака.
Јас ке си откупам до двесте мајстори,
Та ке си напраам висока чардаци,
Шарени одам, убаи џамои.”