Прејди на содржината

Зборник на Миладиновци/ 427 песна

Од Wikisource
426 песна 427 песна

од Браќа Миладиновци
428 песна
на современ македонски правопис.


О Мано, Мано, Мано, мајсторче,
Бог да убиет твојата ума,
Да што ми стана, да ми отиде,
Да што ми собра триста мајстори,
Триста мајстори двесте шегарти,
Та си отиде во Солуна града,
Тамо да градиш висока кула,
Ми ја правило, и ја направи,
Па се качило Мано мајсторче,
Тој да си мери висока кула.
Бог да убие Ѓурѓа вдоица!
Што имала до една керка;
Ја променала, ја накитила,
И ја обула ковани чевли,
Ја прошетала низ махалата;
Чевли тропнале, перја цвекнале,
От лице с'нце нејѕе угреа,
Што се заврти Мано мајсторче,
Та си погледа Јанина керка;
Кога ја виде, умот му зајде,
От кула падна, на скеле удри,
От скеле падна, на земја удри,
Одвај со душа отговорило:
„Вие мајстори, верна дружино!
На душа ви ет што ке ви речам,
Да си појдете на чесна суда,
На таја судиа за поплака;
Да закопате Ѓанина керка
Ѓанина керка жива до мене.”
Това си рече, в еднаш си умре.
Па си станале триста мајстори,
И си пошле сите на судиа,
На судиа на тешка поплака.
Тамо ним суда им отсудило;
Па закопаха Ѓанина керка,
Ѓанина керка жива до Мана.”