Зборник на Миладиновци/ 420 песна

Од Wikisource
419 песна 420 песна

од Браќа Миладиновци
421 песна
на современ македонски правопис.


Јана идет од бањата
Измиена, иск'пана;
Лудо идет от меана
Најадено, напиено;
Си јавнало брза коња
И со коња си подиграт,
Уба Јана је пристина.
Тога Јана му зборвеше:
„Море лудо, кутро младо!
Позапри си брза коња,
Дан' ме згазиш дан' ме сломиш?”
Тогаш лудо се измами,
Си позапра брза коња.
Капку лудо се позапра,
Шега Јана го подбила:
„Најде волкот рудо јагне,
Не умеит да го јахџтг;
Наиде лудо малко моме
Не умеит да го љубит.”