Прејди на содржината

Зборник на Миладиновци/ 421 песна

Од Wikisource
420 песна 421 песна

од Браќа Миладиновци
422 песна
на современ македонски правопис.


Пролетале два сиви сокола
Кун чаршиа, и кун баздриѓани,
Му паднее Ево на рамена.
Личен Иво на кепенек седит,
И си редит перо пауноо;
Не пореза перо пауноо,
Тук пореза р'чица десница.
И говорет два сиви сокола:
„Ајти тебе Ива добар јунак!
Аљ те болит р'чица десница?”
И говорит Иво добар јунак;
„Ајви вие два сиви сокола,
Не ме болит р'чица десница,
Тук ме болит срце за девојка,
Што помина лична Материна,
Та што беше лепа и убава!
Како беше лепа и убава,
Така беше лепа промената;
Наредена динар до динара,
А на уши стребрени менѓуши,
А на срце пафти позлаштени.
Ко помина близу крај дуќана,
Динар тропна, мене срце клопна,
Динар ѕвекни, мене срце трепни.”