Зборник на Миладиновци/ 404 песна

Од Wikisource
403 песна 404 песна

од Браќа Миладиновци
405 песна
на современ македонски правопис.


Прва вечер вечерафме
Јасно пиле геребица;
Втора вечер вечерафме,
Два гулаба пролетни;
Tpeќa вечер вечерафме,
Три кокошки менѓушки;
Четвортата вечерафме,
Четири пајки шепетајки;
Пета вечер вечерафме
Пет гуски недокубени;
Шеста вечер вечерафме
Шес овни недодрани;
Седма вечер вечерафме
Седум крави се јалови;
Осма вечер вечерафме
Осум гјарми волови,
Деветата вечерафме
Девет гјарми биволи;
Десетата вечерафме
Десет врзми камили;
Единаесета вечерафме,
Единаесет коњи крастави.