Зборник на Миладиновци/ 402 песна

Од Wikisource
401 песна 402 песна

од Браќа Миладиновци
403 песна
на современ македонски правопис.


„Та што си бела, Менко моме, одиш?”
„Што да чина, мил побратим, да не одам?
Не ме видиш, мил побратим, што враг водам?
На вечера, мил побратим, си легнувам,
Ни бакнуват, зло да го наит, ни штипнуват,
Ни со р'ка, зло да го наит, пофатуват.
От како сум, мил побратим, јас м'жена,
Да веруваш, мил побратим, пак сум мома.”