Зборник на Миладиновци/ 401 песна

Од Wikisource
400 песна 401 песна

од Браќа Миладиновци
402 песна
на современ македонски правопис.



„Крстано, бела црвена!
Што рано цвеке цутило,
Што не го бериш, да носиш
Да ти заличит лицето,
Да ти заличит ставата”
„Дегиди лудо, и млада!
Што да го берам, да носам,
Што харо гледам прет мене”
„Крстано бела, црвена!
М'жи се дури си млада,
Дури си т'нка висока,
Дури ти играт срцето!”