Прејди на содржината

Зборник на Миладиновци/ 400 песна

Од Wikisource
399 песна 400 песна

од Браќа Миладиновци
401 песна
на современ македонски правопис.



„Девојко, девојка, моме црнооко!
Не стој спроти мене, изгореф за тебе!”
„Гори, лудо, гори, гори да изгориш,
Гори да изгориш, пепел да се сториш!
Мајка не ме дават, оти си сиромах,
Оти си сиромах, оти куќа немаш.”
„Девојко, девојко, моме црнооко!
Ти не гледај куќа, тук гледај јунака,
Јунак куки правит, тој куки расипвит
Девојко, девојка, моме црнооко!
Дење ми те гледам, ноке те сонувам,
На мека постеља, на деснава р'ка,
На мека перница, во десна пазува.
Па си се разбудвам, тебе те побарвам;
Кога те побарвам, тебе не те најдвам,
На постеља вељам „Постељо пустино!
Камо ти момето?” Пернице је вељам:
„Перницо треснатипе! Камо ми момето?
Сега тука беше на деснава р'ка,
На деснава р'ка, до десна пазува.”