Зборник на Миладиновци/ 398 песна

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
397 песна 398 песна

од Браќа Миладиновци
399 песна
на современ македонски правопис.


Бог да убиет, Милкано мори, твојата мајка!
Што ми те изми и те промена,
И ти нареди дробноно стребро,
Дробноно стребро, на бело грло,
Та ми те пушти в село на свадба
Тамо имале проклети закон,
Ми те пречека помал побратим,
И те целива на бело грло.