Прејди на содржината

Зборник на Миладиновци/ 397 песна

Од Wikisource
396 песна 397 песна

од Браќа Миладиновци
398 песна
на современ македонски правопис.


Од мал сум сирак останал,
Бес татко, та и без мајка,
И ја си станаф, се главиф
У една млада вдоица.
Девет години работаф,
Ич ј е со очи не видоф,
Ељум едношка је видоф,
Та излегвеше от бана,
А јас излегвеф от бербер.
„Добро ти утро јуначе!”
„Дал ти бог добро, вдоице!
Ти да ми платиш ругата,
Што сум ти тебе работал
Токму за девет години,
От ми пуштиле брата ми,
Ке одам да ме оженет.”
„Јуначе, море јуначе!
Кога си сакал женење,
Јас да те тебе оженам.”
Што ке и бараш браќа ти?
Јас с' има до три алајки,
Која је сакаш земи је;
Русата поубавата,
Таја је тонка висока,
Таја је бела црвена,
Со на грлото флорини.”
„Вдоице, млада вдоице!
Јас не ти сакам алајка,
Јас нејтум руса убаа,
Тук сакам да је 'рзлиа,
'Рзлиа, та и сојлиа.
На вдоица сум работал,
Јас ке си зеам вдоица.”
„Јуначе, море јуначе!
Вдоица имат назиње,
Вдоица имат џивлиње.”
„Вдоице, млада вдоице!
Ти тваа гајле немај го,
На вдоица сум работал,
Јас ке си зеам вдоица.”