Зборник на Миладиновци/ 399 песна

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
398 песна 399 песна

од Браќа Миладиновци
400 песна
на современ македонски правопис.


Рано ранила Петкана
От Сите моми порано
На бели Дунаф на вода:
„Добро ти утро, Дунафе!
Дунафе бели Дунафе,
Јас тебе ке те опитам,
Ти мене право да кажиш,
Тако ти морска глобина,
Тако ти пољска ширина,
И жити сестра моруна,
Ти право мене да кажиш
Дали го виде млат Стојан?”
„Петкана, бело Петкана!
Тако ми морска глобина,
Тако ми пољска ширина,
И жими сестра моруна!
Јас тебе право ке кажам.
От како петли пеае,
Прва гемиа што мина,
Во неа беше млат Стојан,
Во шарен кавал свиреше,
Во кавал песма пееше:
„М'жи се, м'жи, Петкана!
Дури си млада зелена,
Дури си млада црвена,
Јас веке назат не идам,
Ти мене да ме не чекаш!
Љуто ме мајка к'лнала,
Стојане, синко Стојане!
Петкана да ја не земиш,
Д, обидиш, синко, д' обидиш,
Три девет бели градои,
Нигде девојка не нашол,
Тук да ми наиш вдоица,
Со дванадесет сираци,
Со тринадесет чифлиѕи.”
Триста гемиа минае.