Зборник на Миладиновци/ 396 песна
Изглед
395 песна | 396 песна од Браќа Миладиновци |
397 песна |
на современ македонски правопис. |
Јаглико моме, Јаглико!
Што завал најде татко ти,
Та си продаде куките
Со високите чардаци,
Со ситни дробни пармаци,
Со девет враќа железни;
Секоја врата ограда,
Најмала врата ливада,
Во ливадата бел чадар,
Во чадар седет мајстoри,
Мајстори се облогвеет;
Кој ке префрлит бел чадар,
Сос седум ока олоо,
Со девет ока железо,
Тој ке ја земет Јаглико.
Најмал се Стојан малечек,
Тој ми го чадар префрлил,
Тој ми го моме кердоса.