Зборник на Миладиновци/ 393 песна

Од Wikisource
392 песна 393 песна

од Браќа Миладиновци
394 песна
на современ македонски правопис.


„Мори моме мало, што те мајка кара,
Се на квечерина, ни на една доба,
Ни на една доба, на еднио саат?”
„Ојти лудо младо, се заради тебе,
Се заради тебе, дек низ дворот врвиш,
Со јаболко фрли, по гердан ме удри,
Гердано ми ѕвекна, на мама и текна;
На татко ке кажи, мало ке ме м'жи.”