Зборник на Миладиновци/ 392 песна

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
391 песна 392 песна

од Браќа Миладиновци
393 песна
на современ македонски правопис.


Славеј пеит во градина
На утрина во недеља;
Девојка му говореше:
,,Ој ти славеј, мило брате!
Ајде да се натепваме,
Ако мене ти натепваш,
Ке ти даам градината
Градината се со цвеќе;
Ако тебе ја натепвам,
Да ми даиш ливадата
Ливадата со тревата.”
Мома славеј натпеала,
И му зела ливадата,
Ливадата со тревата.