Зборник на Миладиновци/ 359 песна

Од Wikisource
358 песна 359 песна

од Браќа Миладиновци
360 песна
на современ македонски правопис.


Велико дуљбер Бугарко,
Велико една на мама!
Да знаиш, мило да знаиш
Како је жаљба за младост,
На порта би ме чекала,
От коња би ме сметнала,
За р'ка би ме фанала,
В одагја би ме однесла,
Постеља би ми послала.
Кажи, Велико, кажи ми,
Кој ти ја даде личбата,
Даљ си от бога паднало?
Даљ си от земја никнала?
„Што прашташ, .лудо, што прашташ,
Кој ми ја даде личбата?
Не сум от бога паднало,
Ни па от земја никнала,
Тук сум от мајка родена.”