Прејди на содржината

Зборник на Миладиновци/ 358 песна

Од Wikisource
357 песна 358 песна

од Браќа Миладиновци
359 песна
на современ македонски правопис.


Рај, боже, рај да не видит
Тој што научи чужина,
Да одаѓат момчината,
Женети ем неженети.
Сите момчина појдоха
Појдоха и пак дојдоха
Моето момче не дојде
От три месеци земено,
Девет години бегано.”
Ево идет млат кираџиа,
Тој нејзе проговара.
„Захо ле, мила Захо ле!
Ако момчето не дојде,
Малко ти пари пуштило,
Сто бели карагрошеви,
Дваесет и пет хаерли,
И триесет мендухии.”
Кираџи млади кираџи!
Да ти ослепам парите,
Кога момчето не дојде!”
„Захо ле, мила Захо ле!
Тој книга скришно ми даде.”
„Кираџи, млади кираџи!
Да ти ослепам книгата
Ког момчето не донесе.”
„Захо ле, мила Захо ле!
До реда ке го донесам.”
„Кираџи, млади кираџи!
Девет години бегано,
Ушт' три години по тамо.”