Зборник на Миладиновци/ 346 песна

Од Wikisource
345 песна 346 песна

од Браќа Миладиновци
347 песна
на современ македонски правопис.


Вјавнаф коња на вера,
Па си слегоф пот село,
До студениот кладенец,
До кладенец владика,
До владика ѓакови,
До ѓакови попови,
Владика држит викиа,
Полна рамна ракиа,
Да благословит момите,
Да ми растат порастат,
Как 'ржје по нивјето,
Како трска в блатото,
Как топола по поле,
Как здравец по планина,
Как босиљок в градина.